Вести

images/Image%204%201.jpg#joomlaImage://local-images/Image 4 1.jpg?width=1600&height=900

ШансаЗаТебе на Кариерен Саем за ИТ поврзани професии во Скопје!

На 28 мај (среда) 2025 година, тимот на Центарот за управување со знаење (ЦУЗ) учествуваше на кариерниот саем за ИТ професии, кој се одржа на Кејот 13 Ноември во Скопје.

Во рамки на саемот, беше промовиран проектот „ШансаЗаТебе - Opportunity4U “, чија главна цел е да обезбеди поддршка за млади лица во процесот на вработување преку иновативна платформа која поврзува работодавачи и баратели на работа. Претставниците на ЦУЗ имаа можност да ја претстават мисијата и функционалноста на платформата на проектот пред заинтересирани млади посетители, да споделат информации за достапните ресурси и можности преку платформата, да остварат директна комуникација со млади луѓе кои активно бараат работа, и да приберат повратни информации за потребите и очекувањата на младите во однос на вработувањето.

Интересот за платформата за понуда и побарувачка на работа помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија беше голем, особено поради иновативниот пристап кон олеснување на процесот на вработување. Многу млади ја изразија својата подготвеност да ја користат платформата - www.sansazatebe.info

Центарот за управување со знаење (ЦУЗ) го поздравува ентузијазмот на младите и останува посветен на поддршка на нивната професионална интеграција. „ШансаЗаТебе – Opportunity4U “ продолжува да се развива со цел да понуди уште поефективни алатки и услуги за сите млади од двете земји кои сакаат да направат чекор напред во својата кариера.

За Opportunity4You

Проектот Opportunity4You е кофинансиран од страна на Европска Унија - Програма за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2016-2020 година, според Инструментот за претпристапна помош (ИПА II), распределби 2018, 2019 и 2020 година

Содржината е единствена одговорност на спроведувачите на проектот, и во никој случај не е одраз на ставовите на Европската Унија.